Поплавите во Полска беснеат со разорна моќ – урната цела куќа/видео

266
Фото:принтскрин

Денес, околу 12 часот, пукна брана на југоистокот на Полска, во близина на градот Строние Шлаские. На социјалните мрежи се појавија неколку видео снимки од водата што јури низ градот.

На една од нив се гледа уривање на куќата во која се наоѓала локалната полициска станица.

„Зградата на полициската станица се урна во градот Строние Шлаские“, изјави портпаролката на полицијата Катаржина Новак за Полсат њуз.

 

„Ова повеќе не е драма, ова е трагедија“, рече портпаролот на метеоролошкиот институт IMWM, Гжегож Ваљевски. Тој вели дека тоа е „огромна сила што уништува згради“.