Пописот пак „извиси“

106

Иако беше најавено, предлог законот за попис на населението ниту вчера не дојде на дневен ред на владина седница.

Апостол Симовски
Директор на Државен завод за статистика

Законското решение со кое треба да се започнат официјалните подготовки за пописот најавен за април следната година требаше да биде изгласан уште на почетокот на оваа година. Директорот за Државниот завод за статистика Апостол Симовски во интервју за весникот ВЕЧЕР рече дека статистика самостојно ќе го спроведува пописот догодина и оти подготовките течат, и покрај тоа што предлог текстот сеуште не доби зелено светло на „Илинденска„.

– Донесувањето на законот за попис заглави поради некои технички проблеми, кои според моите информации сега се надминати. Очекувам дека веќе во вторник законот да се најде на владина седница и истиот да биде усвоен, рече Симовски пред неколку дена.
Проблемот не беше само самиот закон и недоразбирањата кои ги имало, овој период беше мошне интензивен и од други работи, имавме претседателски избори. Во текот на кампањата наша беше иницијативата законот да не биде на дневен ред за да не се злоупотреби во политичката кампања, и сега во вторник очекувам да биде усвоен без никаков проблем, изјави Симовски на почетокот од неделава во интервјуто за весникот „Вечер“.