Сакате да пробате нешто вкусно и лесно, без да се прејадувате со тешка храна, а добро да ве засити?! Оваа салата е создадена за вас. Хранлива е и здрава, а нема да ви треба многу време за подготовка.
Состојки:
- 500 гр „беби“ спанаќ
- 400 гр печурки
- 1 црвен кромид
- 1 лимон
- 3 тост лепчиња
- 200 гр мајонес
- 400 гр павлака
- сол
Подготовка:
Измијте го спанаќот и ставете го во чинијата во која ќе ја сервирате салатата. Насецкајте го црвениот кромид на тенки резанки, а печурките на листови.
Измешајте ги павлаката и мајонезот и прелијте ги преку состојките. Тостирајте го лебот и потоа исечете го на коцкички. Ставете го во чинијата со останатите состојки.
Исцедете сок од половина лимон и додадете врз салатата. Посолете ја салатата.
Измешајте ги сите состојки добро и сервирајте ја оладената салата.