Покрај помошта која прво пристигна од Србија ,  пристигнаа и 17 противпожарни возила и 45 пожарникари од Словенија , 5 возила од Бугарија , а пристига и помошта од Австрија .По активирањето на Европскиот Механизам за цивилна заштита на Европската Унија, пристига помош и од надвор.

Тимот за заштита од пожари од Словенија кој е составен од 45 лица, команда, ИТ експерти, медицинска екипа, пожарникари со 11 противпожарни возила и транспортни возила.

Во координација на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) конвојот е испратен во Берово од каде пожарникарите ќе се распоредат во критичните места опфатени од пожарот.