Помор на риби во езеро „Младост“

1198

Денеска се случил помор на риби на езерото „Младост“ кај Велес. Очевидци тврдат дека угинатите риби пловеле во јата покрај крајбрежниот појас на езерото.

Информацијата ја потврдија од Здружението на спортски риболовци „Бабуна од Велес.

– Станува збор за угинати количества на подмладок на риби од овогодишниот мрест. Тие се забележани на потегот од пред рестораните „Брод Панини“ и „Глориус“ се до браната на езерото. Ветерот ги носи и кон хотел „Романтик“. Во контакт сме со Општина Велес од каде што по пријавата добивме првична информација за ангажирање на стручни лица кои ќе се вклучат за да се утврди причината на поморот – вели Даниел Наумоски, претседател на здружението „Бабуна“ за порталот „Дума“.