Помислете уште еднаш дали повторно ќе легнете со полн стомак

183

Одењето во кревет веднаш по вечерата, го зголемува ризикот од мозочен удар за дури 66 отсто и затоа се препорачува да се легнува најмалку еден час пред последниот оброк, покажаа резултатите од истражувањето на стручњаци од Медицинскиот факултат во Јанина, Грција.

Стручњаците проучувале 500 лица, од кои половината имале мозочен удар, а другата половина акутен коронарен синдром, што претставува чест облик на срцеви болести со намален доток на крв во срцето поради запушени артерии.

Испитаниците биле поделени на две групи – едни кои чекале 60-70 минути по вечерата па потоа си легнувале, и други кои си легнувале веднаш по вечерата. Луѓето од втората група имале 66 отсто поголема можност да доживеат шлог, додека оние од групата во која чекале меѓу 60 и 120 минути по вечерата пред да одат на спиење биле 76 отсто позаштитени.

Покрај тоа, одењето на спиење најмалку еден час по вечерата го намалува ризикот од актуен коронарен синдром.

Една од последиците на пребрзото легнување по вечерата е рефлуксот. Во лежечка положба се влошува ситуацијата во која стомачната киселина се враќа во грлото, а долгорочните последици се оштетувањто на слузокожата на желудникот. Појавата на киселина и подригнувањето поради раното легнување во кревет настануваат порати тешкотиите со варењето кои му се случуваат на организмот во лежечка, опуштена положба.