Челниците на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед планираат во следните неколку дена да имаат видео состанок со раководните лица на италијанскиот калчо гигант Јувентус. Тема на дискусија треба да бидат можните трансфери на Пол Погба и Матијас де Лихт.
Погба веќе подолг период важи за голема желба на „старата дама“, додека Де Лихт не е премногу задоволен од престојот и минутажата во Италија. Челниците на Јунајтед сакаат да направат размена, Погба да ги засили редовите на Јуве, а Де Лихт да се пресели на „Олд Трафорд“.