Ако Киев не успее да ја „одбрани својата независност“ на бојното поле, тогаш полската армија ќе мора да стане директен учесник во конфликтот со Русија, изјави полскиот амбасадор во Франција, Јан Емерик Рошчиушевски за телевизијата „LCI“.
„Ако Украина не ја одбрани својата независност, нема да имаме друг избор освен да војуваме“, изјави Рошчишевски.
Според него, украинската криза е, пред сè, борба за основните вредности и култура на Западот, поради што е толку важно тие да се одбранат.
🔴🗣️ “Si l’Ukraine ne parvient pas à défendre son indépendance, nous n’aurons pas le choix, nous serons obligés de rentrer dans le conflit”, déclare Jan Emeryk Rościszewski, ambassadeur de Pologne en France
▶ #Le20HdeDariusRochebin – @DariusRochebin pic.twitter.com/Lj8qWOkkaO
— LCI (@LCI) March 18, 2023
Претходно, шефот на руската служба за надворешно разузнавање, Сергеј Наришкин, истакна дека Вашингтон и Варшава работат на планови за воспоставување воено-политичка контрола на Полска врз „историските имоти“ во Украина.
Според руските разузнавачки служби, Полска се подготвува да окупира територии во западна Украина.