Оперативната команда на вооружените сили на Полска соопшти дека борбените авиони се подигнати поради активностите на руската авијација.
„Сакаме да ве информираме дека ја забележавме интензивната далечна активност на авионите на Руската Федерација, која е поврзана со намерата за изведување воздушни напади на територијата на Украина. Сите процедури се започнати за да се обезбеди безбедност на полскиот воздушен простор и внимателно ја следиме ситуацијата. Предупредуваме дека се активирани полски и сојузнички авиони, што може да предизвика зголемена бучава, особено во југоисточниот дел на земјата“, објави командата на полската армија на X, поранешен Твитер.
Informujemy, że obserwowana jest intensywna aktywność lotnictwa dalekiego zasięgu Federacji Rosyjskiej, która związana jest z zamiarem wykonania uderzeń na terytorium Ukrainy.
Wszystkie niezbędne procedury mające na celu zapewnienie bezpieczeństwa polskiej przestrzeni… pic.twitter.com/vMQPgWjfgz
— Dowództwo Operacyjne (@DowOperSZ) January 23, 2024
Рано утрово Русите извршија голем ракетен напад врз Украина. Нападнати беа Киев и Харков, двата најголеми украински града, како и голем број други места.
Руски ракетен напад врз Киев и Харков, погодени станбени згради, луѓе заробени во урнатините/ВИДЕО