Положено цвеќе пред споменикот на револуционерот

118

По повод 149 години од раѓањето на Јане Сандански, делегација на Општина Аеродром положи цвеќе пред истоимениот споменик.

Во одбележувањето се приклучија претставници од Советот на Општината предводени од претседателката Ивана Цветковска, директори од основните училишта и градинките, како и пензионери од здружението „Солидарност – Аеродром“.