Половина Скопје утре без струја

2806

Утре без струја ќе останат делови од општините Кисела Вода, Ѓорче Петров, Карпош и Гази Баба. Заради технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа, без електрична енергија од 8:30 до 12 часот ќе бидат корисниците ул. „Баница“ бр. 29а во Општина Кисела Вода.

Од 9 до 14 часот корисниците од ул. „Ѓорче Петров“ непарни броеви од бр. 85 до бр. 99 во Општина Ѓорче Петров, од 9 до 14:30 часот корисниците од ул. „Благоја Давков“ бр. 25. во Општина Центар,  од 9:30 до 13 часот корисниците од делови од улиците: „Трнодол“, „Кнез Хацон“, „Јан Хус“ и „Кнез Трпимир“ во Општина Карпош.

Од 10 до 14 часот корисниците од дел од ул. „Востаничка“ броеви: 76, 78, 80, 82, 84 и дел од ул. „Рилски конгрес“ бр. 59 и 61 во Општина Кисела Вода и од 11 до 14:30 часот корисниците од ул. „Зеничка“ во населба Железара во Општина Гази Баба.

Исто така, поради санирање на уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од Ф 80 мм, на улица „Брсјачка Буна“ раскрсница со ул. „Овчеполска“ од 8:30 часот сè до санирање на дефектот прекинато водоснабдување ќе имаат улиците „Брсјачка Буна“, „Овчеполска“ и „Тиквешка“ во Општина Шуто Оризари.