Половина милион Македонци иако се вработени се сиромашни

72

Половина милион граѓани од земјава иако се вработени се водат како сиромашни. Овој алармантен податок за Алсат M го обелодени Оливера Доцевска од невладината организација „Платформа за борба против сиромаштијата“.

Статистички можеби овој негативен феномен се намалува, но во реалноста е сосема друго, кај најмладите, но и кај лицата од третата доба, сиромаштијата се зголемува со забрзано темпо. Потребни се поголем број мерки, програми и законски решенија.

– Многу е тешко во Република Македонија да кажеш кој е сиромав, а кој не е. Замислите ние имаме половина милион сиромашни – вработени, а тоа е онаа стапка под минималниот приход и минималната плата. – рече Оливера Доцевска, македонска „Пплатформа против сиромаштија“.

Официјалните податоци на државната статистика велат дека стапката на сиромаштија во земјава е 22 отсто. Најзагрижувачка е состојбата кај младите до 17 години каде сиромаштија достигнува 30 отсто. 16 отсто проценти од пензионерите се водат како сиромашни.