Половина милион луѓе се возеа со новото метро во Солун

80

Во Солун цел викенд траеше голема спонтана прослава додека, според проценките на грчките медиуми, се возеле најмалку половина милион луѓе од сите возрасти.

Новото метро е 40 метри под земја и долго е девет и пол километри, а  патува меѓу голем број археолошки наоѓалишта. Со тоа солунското метро не е само средство за јавен превоз што го олеснува секојдневниот живот, туку е и приказ на повеќе од две илјади години историја на градот.

Жителите ова метро го чекаа три децении и не престанаа да се надеваат дека ќе го добијат.  Метрото беше отворено во саботата напладне, а луѓето од утрото чекаа да влезат во еден од првите целосно автоматизирани возови, без машиновозач, осветени од солунскиот митрополит на Грчката православна црква Филотеј.Тие и по неколку пати се возеа по 17 минути од крај до крај на линијата со 13 најсовремени станици., како и горе-долу по долгите ескалатори на станиците.

За време на најкритичните часови возовите ќе сообраќаат на секои 3,5 минути, со можност од следната година, кога ќе заврши продолжувањето до Каламарија, да се намали на 90 секунди.

ИЗДВОЕНИ