Повредени се 11 лица во пукање во центарот на Савана

146

Во престрелката што се случи доцна синоќа во центарот на Савана повредени се 11 лица.

Пукањето било пријавено нешто пред полноќ во саботата во близина на популарниот плоштад Елис во Савана, се наведува во соопштението на полицијата на АП.

На повредените им била укажана помош на лице место, а „неколку“ од нив се пренесени во болница, соопшти полицијата. ВСАВ-ТВ објави дека се верува дека никој од повредените нема повреди опасни по живот.

Полицијата соопшти дека властите собрале докази и сослушале бројни сведоци, но досега ниту едно лице не е уапсено.

Плоштадот Елис е во историскиот кварт на Савана, област популарна и кај туристите и кај локалното население. Таа е развиена во 2010 година и е позната по големата фонтана и статуата на поетот Џони Мерсер во природна големин.