Полицијата ќе го контролира спроведувањето на ковид сертификатот во Брисел

196

Од први ноември полицијата ќе биде овластена да го контролира спроведувањето на ковид сертификатот на сите места каде што се бара.

До сега ова не беше случај, но со новите мерки на владата за да се спречи ширењето на вирусот полицијата во Брисел ќе ги легитимира клиентите и корисниците на услугите каде се бара ковид сертификат. Сертификатот е доказ за вакцинација, негативен ПЦР тест или доказ за прележан Ковид-19.

Задолжителен ковид сертификат се бара во повеќето угостителски објекти, на јавни собири, културни настани итн. Тој е на сила од 15 октомври, но од први ноември полицијата ќе може и да ги санкционира граѓаните и сопствениците на објектите ако не се почитува правилото.

Казните се меѓу 50 и 2500 евра за организаторите и меѓу 50 до 500 евра за посетителите.

Повеќе граѓански организации сметаат дека оваа мерка е нелегална, а започнати се две судски процедури за прекршување на европската регулатива за заштита на личните податоци и за нарушување на индивидуалните слободи.