Полицијата пронајде неколку предмети, се верува дека се на исчезнатата Лидија Трајковска: Семејството добило закани за изнуда

212

Полицијата откри неколку предмети што се верува дека ѝ припаѓале на 43-годишната Лидија Трајковска, која исчезна пред два дена.

Според информации од Министерството за внатрешни работи, утврдено е дека Лидија тргнала од Јурумлери кон Драчево, а предметите, меѓу кои кутија од цигари, запалка и џемпер, биле најдени во близина на мостот на реката Вардар.

Сопругот на Лидија потврдил дека кутијата од цигари и запалката ѝ припаѓаат на неговата жена, додека за џемперот рекол дека не е нејзин.

Полицијата, заедно со роднини и волонтери, продолжи со пребарување на теренот, а извршени се и обиколки по течението на реката Вардар. Пребарана е пошироката околина, вклучувајќи и напуштени објекти, а потрагата продолжува со помош на дрон, кој ги надлетува бреговите на реката во должина од пет километри.

Претходно, семејството откри дека добило закани за изнуда.

Преку „Ватсап“ им била испратена порака со барање за 500 евра во замена за информации за Лидија.