Полицијата прекинала забава во угостителски објект, приведен сопственикот

79

Полицијата го лишила од слобода сопственикот на угостителски објект во гостиварско Неготино. Во неговиот објект бил отворен и покрај ограничување на работното време, а во него имало гости и музичари.

Според СВР Тетово во акциската контрола на полициски службеници од ОВР Гостивар, која била направена во периодот од 21:40 до 23 часот во објектот, што се наоѓа покрај автопатот Гостивар-Тетово биле затекнати дваесетина гости и 11 женски лица на возраст од 19 до 32 години. Седум од нив биле македонски државјанки, а четири со албанско државјанство. По контролата, сопственикот С. Т. (20) и странските државјанки се задржани во полициската станица.

Приведените се сомничат дека го злоупотребиле туристичкиот престој и во земјава престојувале спротивно на целта. На сопственикот по лишувањето од слобода ќе му биде поднесена кривична пријава за непостапување според прописите со кои се определуваат мерки во време на епидемија член 206.

Инспектори на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) по контролата донесоа решение за затворање на објектот на опеделно време.