Полицијата во Онтарио на нозе: Девојка дошла да купи „порше“, па го прегазила сопственикот и избегала со автомобилот/видео

9

Потенцијалната продажба на скапо „порше“ прераснала во опасна ситуација кога се покажало дека купувачот е всушност крадец, и тоа крадец подготвен на се.

Полицијата во Онтарио сè уште не ја идентификувала девојката која заѕвонила на вратата на продавач на „порше кајен“ од 2022 година и побарала тест возење, пишува Њујорк пост.

Инцидентот се случил на 6 септември и надзорните камери го снимиле моментот кога продавачот му го предал воланот на потенцијален купувач.

Девојката ја заклучила вратата и го прегазила сопственикот, за среќа без посериозни последици.

Се чини дека девојката -крадец имала помош и поддршка од соучесник во друг автомобил.

Автомобилот и девојката се исчезнати, а полицијата бара помош од јавноста за нивно пронаоѓање.