Украинскиот претседател Володимир Зеленски би можел да се најде на иста маса со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, доколку биде поканет на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) следната недела, пренесува американското издание на порталот Политико.
Според информациите што ги доставил западен дипломат до тој портал, за време на седницата на Генералното собрание во седиштето на ОН, би можело да се одржи состанок на Советот за безбедност за Украина, на кој би можел да учествува и Зеленски.
Русија на седницата може да ја претставува министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, кој ќе ја предводи руската делегација на седницата на Генералното собрание.
Претходно беше соопштено дека говорот на Зеленски на Генералното собрание на ОН е планиран за 19 септември.