Покрената истрага по снимката на исчезната Данка од центарот на Виена: Се огласи портпаролот на виенската полиција

1405

Виенската полиција покрена истрага за исчезнувањето на двегодишната Данка Илиќ од Бор, а откако српски државјанин кој живее во Виена пријавил дека синоќа на автобуска станица во центарот на австриската престолнина видел девојче во придружба на две жени кои наводно личеле на Данка, која исчезна во вторникот во Србија, објави Клајн Цајтунг, пренесе српски Блиц.

Српски државјанин стапил во контакт со српските надлежни органи, кои се обратиле до виенската полиција со барање за истрага, пишува порталот.

Портпаролот на виенската полиција Маркус Дитрих проговори за видео од центарот на градот на кое наводно се гледа исчезнатата Данка Илиќ.

“Сведокот даде изјава и беше обезбедено видео кое сам го направил. Човекот дознал за случајот преку социјалните мрежи. Точните околности, особено дали се работи за исчезнато девојче, се предмет на истрага”, изјави Дитрих.