Покрената е петиција во Србија: Наставничката ранета во „Рибникар“ да добие национална пензија

212
EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

На веб-страницата peticije.online е покрената петиција за наставничката Татјана Стевановиќ, која беше тешко ранета на 3 мај во пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, да добие национална пензија.

Петицијата ја започнаа нејзините колеги, но и сегашни и поранешни ученици.

Како што се наведува, оваа иницијатива е покрената како израз на емпатија, солидарност и поддршка кон наставникот Стевановиќ лично, „со јасна порака за важноста и положбата на наставничката професија“.

Досега на петицијата се потпишале 8.450 луѓе.

Стевановиќ беше тешко ранета на 3 мај на работното место додека држеше настава, кога ученикот Коста.К, застрела и уби девет ученици и училишен чувар, а рани пет ученици.