Покрај најавените над 100 тужби, едно гајле помалку за уапсениот Диди: Лажните мемоари на покојната сопруга повлечени од Амазон

781
EPA-EFE

Лажните мемоари на Ким Портер се повлечени од Амазон.

Станува зборј за поранешната сопруга на уапсениот рапер Шон Комбс, која почина во 2018 година.

Во книгата, меѓу останатото, многу е пишувано за наводното злоупотребување кое траело во текот на бракот.

Децата на Комбс и Портер неодамна открија дека Ким никогаш не ги напишала мемоарите.

И конечно реагираа од Амазон.

„Добивме известување за спорот во врска со овој наслов и веднаш го известивме издавачот“, рече портпаролот на Амазон.

Книгатата во моментот не е достапна за продажба“, се вели понатаму во соопштението.

Независен издавач претходно објасни дека таа книга е всушност веродостојна копија на она што било затекнато на усб на Портер од раните денови од бракот со Комбс, а до кое дошол издавачот.

Детално се опишани наводните напади на Комбс над Портер.

Да не беа децата, можеби сето тоа ќе звучеше како совршена вистина.

„Тврдењата дека нашата мајка напишала книга се едноставно неточни. Не го има направено та. И секој кој тврди дека има нејзин ракопис – лажно го претставува тоа“, се наведува во нивното соопштение.

Комбс беше уапсен во њујоршки хотел од страна на агент за внатрешна безбедност на 16 септември годинава.

Обвинителите тврдат дека учествувал во сексуална трговија и злоупотреба на жени.

Се шпекулира дека против него ќе бидат поднесени дури 100 тужби.