Пократка работна недела во Финска, предлог на новата премиерка

63

Во Финска е можно да се воведе пократна работна недела и тоа благодарение на новата премиерка која е и најмлада во светот на чело на една влада.

Сана Марин, позната како поборник за пократка работна недела уште додека беше министер за транспорт и врски, Сана Марин го привлече вниманието на нејзините членови на партијата дека треба да се разгледа пократка работна недела.

„Четиридневна работна недела, шестчасовен работен ден. Зошто не може да биде следниот чекор? Мислам дека луѓето заслужуваат да поминуваат повеќе време со своето семејство, со оние што ги сакаат, да имаат време за хоби и други аспекти на животот, како што се култура. Може да биде следниот чекор за нас и нашите работни животи“, изјави таа.Нејзиниот предлог, сепак, беше дочекан со нож од опозицијата, која повикувајќи се на фактот вели дека финскиот институт за истражување на економијата (Етла) идентификувал продолжување на работното време како најефикасна мерка за подобрување на конкурентноста во последните години.

Етла објави дека 24-часовниот пораст на годишното работно време претставува 40% од влијанието врз вработеноста во сегашниот пакт за конкурентност. Прилагодувањето на работното време промовира вработување и конкурентност или ги намалува трошоците на трудот или ја зголемува продуктивноста на трудот.

Нивната теза е дека луѓето не би добиле ништо ако нивната заработка се намали во согласност со намалувањето на работното време. Ова значи, објаснуваат тие, дека проектот би бил изводлив само доколку заработката остане непроменета.