Познат фудбалер нарачал убиство на својата сестра!

274

Страшна вест доаѓа од Мексико, каде искусниот фудбалер Карлос Салседо е во центарот на вниманието! Долгогодишниот бек на бројни мексикански тимови, но и на репрезентацијата, каде што е и капитен, се соочува со обвинувања дека нарачал убиство на својата сестра!

Ваквите обвинувања кон славниот фудбалер доаѓаат дури и од неговите најблиски роднини, бидејќи и неговата мајка тврди дека тој и неговата сопруга го организирале убиството на сопствената сестра. Дали е тоа вистина ќе покаже истрагата во која веќе се уапсени две лица за кои се претпоставува дека го извршиле нападот кога Паола Салседо и нејзиниот син излегувале од циркусот каде што гледале претстава.

„Истрелите кои ја убиле Паола Салседо. Вака се слушаат шест истрели и врисоци надвор од циркусот во Хуиксилукан. Паола била со синот кога била застрелана. Обвинителството на Едомекс веќе уапсило двајца осомничени, но семејството на Паола Салседо инсистира дека ситуацијата е поинаква, нејзиниот брат Карлос Салседо го наредил злосторството“, изјави мексиканскиот новинар Карлос Хименез.

На социјалните мрежи проговори и мајката на фудбалерот која веднаш го обвини својат син.

„Правда за мојата ќерка. Вистинската причина поради која Карлос Салседо сака да ја напушти земјата е затоа што тој и неговата сопруга Андреа Наваро се организатори на убиството на Паола“, напишала Марија Изабел.

Карлос Салседо е роден во септември 1993 година, а фудбалската кариера ја започна во родната Гвадалахара, носејќи го дресот на Чивас. Од 2015 година до сега одигра 47 натпревари за националниот тим, а ја претставуваше нацијата на Копа Америка, Купот на Конфедерации, Светското првенство и Голд купот. На моменти беше дури и капитен на репрезентацијата.