Познат идентитетот на момчето од Македонија што се удави вчера во Црна Гора

1820

Македонското министерство за надворешни работи излезе со подетални податоци за 22-годишното момче од Македонија што се удави вчера на плажата „Утјеха“ помеѓу Бар и Улцињ.

Според информациите од црногорското министерство презентирани во медиумите се работи за момче од Тетово.

„Министерството за надворешни работи доби известување од надлежните институции на Црна Гора дека на наш државјанин (Е.Х., роден во 2000г., во Тетово) му е констатирана смрт на туристичкото место Утјеха. Во тек е обдукција, со цел целосно расчистување на случајот од надлежните црногорки институции“, изјавија од Министерството за НоваТв.

На телото немало траги на насилство, а треба да се утврди причината за смртта.

22-годишник од Македонија се удави на црногорска плажа – дошол на сезонска работа