Британецот Луис Хамилтон е втор најплатен возач во Формула 1 со прилив од 45 милиони евра, зад недопирливиот Макс Верстапен (Ред Бул), кој зема десет милиони повеќе, додека на третото место се е Шарл Леклер (Ферари) со 34.000.000 евра.

Потоа има голема група на возачи околу 20 милиони – толку има Ландо Норис, а по 18 за Џорџ Расел и Фернандо Алонсо. Потоа следува Серхио Чеко Перез со 14, а 12.000.000 долари одат кај Карлос Саинц. Само уште Валтери Ботас е двоцифрен во милиони со 10.

Докажаниот Даниел Рикардо е можеби потценет со плата од 7.000.000 долари, потоа следуваат Естебан Окон, Пјер Гасли и Оскар Пјастри со по шест, Кевин Магнусен има пет, а Александар Албон и Ленс Строл земаат по три. Никол Хулкенберг и Гуангжу Џоу заработуваат по два милиона, а најмалку платени со по еден милион се Јуки Цунода и Логан Сарџент.