Познатиот пејач има и друга успешна професија: Васко Форти во Израел како туристички водич јава камила!

458

Македонскиот поп-пејач Васко Форти го знаете секако ако ги следите македонските музички фестивали, но го знаете и како еден од оние кои на многу наши попознати пејачи може да им држи лекции по прашањето на имиџот и сценскиот изглед. Општо познато е дека Васко многу внимава на тоа што ќе облече, но тој неговиот изглед е секогаш усогласен со сите светски модни актуелности. Дури и кога е во прашање машката фризура. Долгата коса исто како популарниот Здравко Чолиќ не ја крати, а што се однесува до самото пеење вели дека најмногу им се восхитува покрај на веќе споменатиот Здравко и на легендарните Оливер Драгојевиќ, Тереза Кесовија, Марија Шерифовиќ, како и на нашата евровизиска ѕвезда Тамара Тодевска.

Иако не е толку активен на естрадата, Васко сега е повеќе присутен во туризмот, а и во оваа другата професија има успеси. Неодамна се врати од Израел од Мртво Море каде што не можел, а да не им одолее на јавањето камили.
– Тоа е неопислив адреналин, треба да се доживее, вели Васко, кој се надева дека до крајот на оваа година ќе најде време за снимање една нова песна, но уште само да најде и компизитор кој знае да напише хит. Убеден е во тоа дека последните неколку години имаме многу песни кои брзо се забораваат, но хитови, за жал, немаме на македонската естрада. Дуле М.