Позната е платата на Рамзи

55

Актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, и официјално потврди дека ги има осигурано услугите на велшкиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Арон Рамзи.

Одличниот играч за врска на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен играч и во Торино ќе пристигне без никакво обештетување. Италијанските медиуми открија дека Рамзи ќе има неделна плата од 400.000 евра и ќе биде втор најпалетн играч во редовите на Јувентус, веднаш зад Кристијано Роналдо.