Кога препорачувам нешто секогаш сакам тоа да е проверено и да имам сигурни докази. Овој текст го пишувам, иако кратко, за моето лично искуство кога е во прашање кожата на лицето и на телото. Страдам од изгореници од трет степен кои ги имав насекаде по моето тело, а најмногу на лицето.
Добро знаеме дека убавината доаѓа однатре иако кога ќе ја поминеме 30-тата година природно е да се загрижиме за изгледот на кожата зашто како одминуваат годините се појавува по некоја линија.
За жал, јас уште од раната младост морав да се грижам за мојата кожа. Моите истражување околу тоа како да ја вратам еластичноста на кожата и како да сјае почна најпрво со разни кремови, лосиони, козметички третмани.
Не велам дека немаше козметички ефект, но тврдам дека најголем фактор за одржување на здрава кожа најважна е исхраната. Да не ја заборавиме изреката „ти си тоа што јадеш“.Оваа тема ми е омилена и би сакала да објаснам од каде и како можеме да си ја подобриме еластичноста и сјајот на кожата и да изгледаме помлади.
Тврдам дека најголем фактор за одржување на здрава кожа најважна е исхраната. Да не ја заборавиме изреката „ти си тоа што јадеш“ |
Кожата е најголемиот орган. Црниот дроб е главниот орган за детоксикација, но и нашата кожа игра голема улога во процесот на детоксикација.
Од кожата може да се ослободи одредена токсичност, пот или ерупции на кожата.
Значи, подобрувањето на нашето целокупно внатрешно здравје со намалување на изложеноста на токсичност исто така го подобруваат здравјето и изгледот на кожата. Но, како да ја подобриме виталноста на нашата кожа?
Освен намалување на престој во загадени и зачадени простории од цигари, предолго изложување на сонце можеме да вклучиме храна што содржи антиоксидантни хранливи материи. Најпознати антиоксидантни хранливи материи се витамин А и бетакаротен, витамин Ц, витамин Е и минералот селен.
Антиоксидансите се регенерираат едни со други и затоа е најдобро сите да се вклучат во исхраната со храна базирана на зеленчук и овошје.
Добра идеја да размислите за виножито. Изберете шарено овошје и зеленчук, тоа е вистинскиот извор за сите минерали и витамини. Овошјето и зеленчукот содржат моќни антиоксиданти кои помагаат да се заштити кожата од оштетување на клетките предизвикано од слободните радикали, на пример бетакаротен, кој се наоѓа во моркови, сладок компир и тиква, папаја и спанаќ.
Исто така внесувајте доволно витамин Ц, тој е супер антиоксиданс. За дамките да се лекуваат правилно најдобрa е црна рибизла, боровинки, брокула, киви, портокали, папаја, јагоди сладок компир. Витамин Ц е потребен за производство на колаген кој ги зајакнува капиларите кои ја снабдуваат кожата.
Внесувајте доволно цинк. Тој е вклучен во нормалното функционирање на лојните жлезди во кожата (кои произведуваат масло) и помага да се поправи оштетувањето и да се задржи кожата мека и еластична. Храната богата со цинк вклучува риба, посно црвено месо, интегрални житарки, живина, ореви, семиња и школки.
Храна богата со селен. Селенот е моќен антиоксиданс. Работи заедно со другите антиоксиданти како витамини Е и Ц и е од суштинско значење за поддршка на имунитетот. Храна богата со селен може да помогне во заштитата од рак на кожа, оштетување од сонце и од појава на старечки дамки. Еден начин да го зголемите внесувањето е да јадете бразилски ореви. Само четири ореви ќе ја обезбедат препорачаната дневна количина. Измешајте бразилски ореви со други семиња богати со витамин Е и посипете ја салатата. Други добри извори се риба, школки, јајца, жито, домати и брокула.
Јадете доволно храна со витамин Е и здрави масти. Витаминот Е ја штити кожата од оксидативно (клеточно) оштетување и поддржува здрав раст на кожата. Храната богата со витамин Е вклучува бадеми, авокадо, лешници, борови ореви и масла од сончоглед и пченка. Овие намирници обезбедуваат есенцијални масни киселини кои делуваат како природен навлажнувачки крем за вашата кожа, одржувајќи ја еластична и подобрувајќи ја еластичноста. Бидете сигурни дека имате доволно омега-3 и омега-6 масти, во мрсна риба и растителни извори како што се ленено семе и нивно масло, чиа семе, масло од репка. Омега-3 мастите го охрабруваат телото да произведува антиинфламаторни соединенија, кои можат да помогнат во воспалителни кожни состојби како егзема и псоријаза.
Јадете повеќе фитоестрогени.Фитоестрогените се природни хемикалии кои се наоѓаат во растителната храна. Тие имаат слична структура на женскиот хормон естроген и откриено е дека помагаат во одржување на рамнотежата на нашите природни хормони. Постојат различни видови, некои се наоѓаат во производи од соја (изофлавони) како што е тофу, додека други се наоѓаат во влакната на интегрални житарки, овошје, зеленчук и ленено семе (лигнани). Вклучете соја богата со фитоестроген, интегрални житарки, овошје и зеленчук како дел од урамнотежената исхрана.
Одете на јаглени хидрати со низок ГИ. Гликемискиот индекс (ГИ) е систем кој ја рангира храната базирана на јаглени хидрати според тоа колку полека или брзо се разложуваат во телото во гликоза. Избегнувајте јаглени хидрати со висок ГИ, како бисквити и пијалаци со шеќер, бидејќи доведуваат до производство на инсулин, што може да го оштети колагенот и да ги забрза брчките.
Дехидрираноста е исто така причина за оштетување на кожата. Нашето тело содржи околу 70 отсто вода. Бидејќи губиме вода преку урина, пот, за нас е многу важно да го надополниме овој изгубен внес. Водата не само што ја рехидрира нашата кожа, туку помага и да се ослободи нашата токсичност. Пијте шест до осум чаши вода на ден. Лесна дехидратација ќе предизвика вашата кожа да изгледа сува, уморна и малку сива. Пијте шест до осум чаши вода на ден – сите течности сметаат на вашата дневна доза, но водата е најдобра.
Спречете го стареењето. Се чини дека некои видови храна се поврзани со оштетување на кожата. На пример, некои истражувања сугерираат дека диетата богата со преработени или рафинирани шеќери или други јаглени хидрати и нездрави масти го промовира стареењето на кожата. Шеќерот и рафинираната преработена храна, придонесуваат за предзрело стареење, бидејќи тие можат да доведат до неизбалансирано ниво на шеќер во крвта. Преработената храна често содржи хемикалии како што се вештачко боење и конзерванси. Нашето тело треба да ги детоксицира овие хемикалии. Откако ќе направите промени во вашата исхрана, потребни се шест недели за да се појави нова кожа на површината.
Марија Соколоска
НУТРИЦИОНИСТКАТА МАРИЈА СОКОЛОСКА СОВЕТУВА: Како да бидете витки и здрави во менопауза