Пожар проголта кафуле во Ниш/ВИДЕО

148

Пожарот, за кој се претпоставува дека е предизвикан од фритеза, избувнал вечерва околу 21 часот во кафуле во паркот Свети Сава на булеварот Немањица, во Ниш, пренесуваат српските медиуми.

Како што дознава српски Телеграф, пожарот многу брзо се проширил и го зафатил покривот на зградата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

 

На местото на настанот се испратени шест пожарникари и спасувачи со две противпожарни возила, пожарот се гаси.

Засега нема информации дали има повредени, но евидентно е дека е причинета голема материјална штета.