Неколку објекти на улиците „Цветан Димов“ и „Ремзи Хоџа“ (поранеша „Чаирска“) во скопската Општина Чаир попладнево беа зафатени од пожар.
Како што потврдија од МВР, околу 17 часот добиле известување дека избувнал пожар, кој зафатил два дуќани – сервиси за велосипеди и за мотори, една куќа и чајџилница.
– Повредени лица како последица на пожарот нема, соопштија од МВР.
Припадници на Противпожарната бригада со неколку возила околу 18.30 часот го изгаснаа пожарот.