Пожар во населбата Чаир, неколкумина станари однесени на клиника поради вдишување на чад, од зградата евакуирани околу 100-на меѓу нив и деца.

Пожарникарите ги ваделе луѓето од кровот на зградата а меѓу нив нема повредени.

169

Пожар во населбата Чаир, неколкумина станари однесени на клиника поради вдишување на чад, од зградата евакуирани околу 100-на меѓу нив и деца.

Пожарот настанал после полноќ, во подрумските простории во зграда на улицата Серава во скопската населба Чаир. Реагирала противпожарна екипа и полиција, а рано утрината  евакуирани се 100-на станари поради опасност од ширење на пожарот.

Поради вдишување на чад неколкумина станари и еден пожарникар се однесени на скопските клиники и тие се во добра здравствена состојба. Пожарникарите ги ваделе луѓето од кровот на зградата а меѓу нив нема повредени. Полицијата соопштува дека презема мерки за расчистување на случајот.