Пожар во близина на Сплит, пламените јазици навлегле меѓу куќите

198
Фото:принтскрин

Пожарот, кој во вторникот попладне се прошири во реонот на сплитската населба Срињина, доцна попладнето навлезе во куќите во северниот дел на сплитската населба Жрновница, известија од пожарникарскиот оперативен центар на Сплит.

Ситуацијата е многу сериозна, пламенот е навлезен во куќите во северниот дел на Жрновница и пожарникарите прават напори да го локализираат пожарот, изјавиле за Хина од противпожарната станица.

На терен се повеќе од 130 пожарникари.

Мирисот на горење од тој оган се чувствува и во Сплит.

Пожарот на отворен простор во месноста Жрновница што избувна синоќа од удар на гром во денеска во попладневните часови се разгоре.

Во гаснењето на пожарот учествувале четири канадери, кои кога се стемнило го напуштиле местото на пожарот, а покрај локалните сили биле испратени и пожарникари од интервентните противпожарни единици од Задар, Сплит и Шибеник, а пожарникари од Личко-Сењска, Шибеник- Книн и Задарската жупанија и Градот Загреб, соопштија од Хрватското противпожарно друштво.