Пожарот околу Чернобил се шири: Огнот зафатил 2.600 хектари

71

Шумските пожари во близина на нуклеарната централа Чернобил, во Украина, се проширија на повеќе од 2.600 хектари.

Ова денеска го соопшти украинското Министерство за заштита на животната средина и природни ресурси.

„До петок навечер пожарот зафати приближно повеќе од 2.600 хектари во зоната на Чернобил. Конечната површина зафатена од пожарот ќе се утврди по гаснењето на пожарите“, се вели во соопштението на министерството на каналот Телеграм.

Министерството констатира дека радијацијата во тоа подрачје е нормална, а клучните инфраструктурни објекти не се загрозени, пренесува Тас.

Во гаснењето на пожарот биле вклучени 561 пожарникар и 141 единица опрема.