Пожарот од Македонија се прошири и кон Бујановац, во близина на Прохор Пчински – српското МВР испраќа хеликоптери

1005
Фото:ТППЕ Старо Нагоричане

Пожарот од  Македонија се прошири кон местото Козјак кај Бујановац, во близина на манастирот Прохор Пчињски.

Министерството за внатрешни работи на Србија утре, 31 јули, ќе испрати два хеликоптери за да му пружи помош на Одделот за вонредни состојби, најави министерот Ивица Дачиќ.

„Поради ширење на пожарот во источниот дел на Северна Македонија, а врз основа на официјалното барање на Центарот за управување со кризи на Владата на Северна Македонија, Министерството за внатрешни работи ќе испрати хеликоптер „Агуста Бел 212“ на соседна земја со 5 припадници на хеликоптерската единица и припадник на Одделот за вонредни состојби“, нагласи Дачиќ во изјавата.

Во акцијата за гаснење на пожарот на македонска територија учествуваат 10 пожарникари-спасувачи со три теренски возила кои дејствуваат во атарот на селото Магленце и спречуваат натамошно ширење на пожарот кон територијата на Србија.

Во гаснењето на пожарот на крајно непристапен терен во Козјак ангажирани се 43 пожарникари-спасувачи со 14 возила од единиците Врќање, Белград, Ниш, Лесковац, Крушевац, Смедерево, Панчево, Јагодина и Крагуевац.