Пожарот на Крф видлив од соседна Албанија

483

Голем пожар избувна во неделата на северниот дел на грчкиот остров Крф.

Пожарот избувнал во селото Перитија на Крф, а пламените јазици се видливи ноќе во соседна Албанија.

Како што јавува порталот Нова.рс, пожарот е видлив и од познатото албанско летувалиште Саранда.

Голем пожар избувна во неделата попладне на северниот дел на островот Крф, што додаде уште една туристичка дестинација на погодените од големите пожари.

Грчките медиуми претходно вечерва објавија дека поради пожарот на северот на Крф, дадена е наредба да се евакуираат населбите Портес, Мегула, Симиес, Палеа Перитија и Сага во Касиопе.

Градоначалникот на Северен Крф, Јоргос Мацимарис, кој се наоѓа во Мегулос, за државната новинска агенција АМНА изјави дека пламените јазици стигнале до првите куќи во Мегулос и дека е „тешка ситуација“.

Инаку, Грција се бори со пожарите, па освен на Родос, каде што е прогласена вонредна состојба на дел од островот, пожарникарите се борат и со огнената стихија на западот од земјата меѓу Агиос и Диакоптос, како и на островот Евија.

Локалните власти на Евија им порачаа на жителите на селата Ливади, Потами, Пернараки, Патанистос, на јужниот дел на островот, да се евакуираат во градот Каристос на запад, а оние во Кастро да се евакуираат во градот Католико, бидејќи избувна нов, голем пожар на отворено.