Пожарот кај Серта беснее веќе четврти ден: Огнената стихија се доближува до патот

74

Четврти ден не може да се локализира и изгасне пожарот кој започна кај Пепелиште, Неготино, и ја зафати планината Серта.

Алармантна е состојбата со пожарот кај Неготино, а пламените јазици се доближуваат до патот и се загрозени околу 150 куќи во Калањево.

Мештани кои се доброволно ангажирани околу гасењето на пожарот преку „Фокус” апелираат државата да направи се што е во нејзина можност за локализирање на пожарот, и надлежните институции да испратат што е можно поголема механизација.