Најмалку 13 лица загинаа во пожар во ноќен клуб на југоистокот на Шпанија, во градот Мурсија, пишува „Скај њуз“. Пожарот избувнал во популарниот ноќен клуб „Театре“ околу 6 часот по локално време.
Службите за итни случаи се на терен и сѐ уште трагаат по лицата кои се исчезнати. „Би-Би-Си“ јавува дека сите исчезнати лица биле во клубот во моментот на пожарот.
Градоначалникот на Мурсија, Хозе Балеста, на шпанската телевизија изјави: „Ние сме уништени“. Тој додаде дека се врши интензивна потрага по сите исчезнати лица.
Во Мурсија е прогласена тридневна жалост. Пожарникарите дури околу 8 часот утрото успеале да влезат во клубот каде пронашле четири тела, а 40 минути подоцна уште две тела.
Четири лица поради чад завршиле во болница, сѐ уште не се знае причината за пожарот. Истрагата е во тек.
BREAKING 🚨 At least six dead in nightclub fire in southeastern Spain
— Insider Paper (@TheInsiderPaper) October 1, 2023