Противпожарните служби успеаја да го изгаснат пожарот што, како што објави весникот „Вечер“, попладнево зафати станбена зграда во населбата Кисела Вода на улицата ,,Народни херои“ број 23.

Според информациите на „Вечер“ и фотографиите на нашиот фоторепортер кој беше на лице место, акцијата за гаснење на пожарот траеше 2 часа.

Пожарникарите ја завршуваат евакуацијата на станарите кои останаа изолирани над станот зафатен со огнената стихија.

Последна е евакуирана една хендикепирана жена, чие извлекување беше најголем предизвик за пожарникарите.

Двајца пожарникари се хоспитализирани поради вдишување чад, а еден има мали изгореници кои не се опасни по живот.

Видете и: Пожар во стан во Кисела Вода/фото

фото: П. Стојановски