Пожарот во Карпош 4 е изгаснат, едно лице е хоспитализирано

127

Едно лице е пренесено на Токсикологија, кое најверојатно вдишало чад во пожарот, што утрово избувна во стан на 17 кат во кулата 3, во скопската населба Карпош 4. Останатите станари се евакуирани, а пожарот е изгаснат.

Неофицијално, огнот се запалил од плинска боца. Се очекува полицијата во текот на денот да објави детали за причините за пожарот.