ПОЖАРИТЕ ЈА ЗЕДОА ПРВАТА ЖРТВА: Животот го загуби жител на кумановското село Кокошиње

196

Во пожарите загина повозрасен жител на кумановското село Кокошиње, причината е најверојатно задушување од чад, информираат од ЦУК.

Од таму додаваат и дека неговата сопруга е евакуирана.

Во светиниколските села Орел и Немањици изгореа неколку куќи. Огромни облаци чад има на патот од Свети Николе кон Штип.

Македонија месецов се бори со повеќе пожари, од кои најголем беше оној кај планината Серта.