Пожарите во северна Шпанија беснеат, властите ги обвинуваат „терористите“

34

Во шпанскиот северен регион Астурија, регистрирани се 116 шумски пожари во 35 области, додека пламените јазици се шират и на планината Наранко, на неколку места во близина на градот Овиедо, објави „Ел Мундо“.

Генералниот секретар на Астурија, Адриан Барбон, на Твитер изјави дека локалните власти се соочуваат со „вистински терористи кои се закануваат по животи, градови и села“.

„Знаеме дека зад огнот стојат терористи кои ќе платат за своите злодела“, рече тој.

Денес, пламенот и интензивниот чад што се надвива над планината се уште се видливи од поголемиот дел од Овиедо, во чие подножје се наоѓа населбата Сиудад Наранко.

Пламените јазици опустошија дел од планината од средината до врвот, каде што има статуа посветена на Срцето на Исус.

Во гаснењето на пожарот ќе биде вклучена Единицата за вонредни ситуации со 50 војници и 20 возила, заедно со 95 војници и 40 возила кои се веќе на терен, а вкупно околу 700 лица ги гаснат пожарите.

Шпанија во средата го забележа најтоплиот 29 март во историјата, со температури кои ги надминаа нормалните нивоа за седум до 14 степени, а селото Тасарте на Канарските острови забележа 37,8 степени.