Поефикасен е дури и од зелениот чај: Еликсир од Медитеранот, спас за дури 60 тегоби – уживајте во неговите придобивки секојдневно

262
Фото: пекселс

Тие се омилено медитеранско овошје и клучна состојка во многу медитерански јадења. Покрај карактеристичниот вкус, маслинките се издвојуваат и поради богатството на витамини и минерали кои ги содржат, што ги прави важна прехранбена состојка.

Од античко време, маслинките се користат како лек за многу болести, дури и за повеќе од 60 различни.

Високата содржина на витамин Е ги прави маслинките важен антиоксиданс, кој е клучен за одржување на здравјето на организмот. А листовите на ова растение се користат за подготовка на чај кој има исклучителни здравствени придобивки.

Рецепт за чај од лист од маслинка

Листовите од чајот најдобро се берат во пролет кога се млади. По берењето, листовите треба да се измијат и исушат на воздух, а потоа да се чуваат во затворен сад подалеку од директна сончева светлина.

За подготовка на чајот се користат 15 до 20 суви листови маслинка во 300 милилитри вода. Сварете ја водата, додадете ги листовите и варете ги заедно 2 до 3 минути.

После тоа оставете ги листовите да отстојат во водата уште 10 минути, по што се вадат. Чајот може да се пие топол или ладен, со додавање на мед, лимон или без.

Најдобро е да го пиете овој чај секојдневно за да почувствувате подобрувања во различни здравствени проблеми.

Листот од маслинка има широк спектар на придобивки, вклучувајќи помага при пневмонија, туберкулоза, грип, менингитис, хепатитис Б, херпес, инфекции на уринарниот тракт и спречување на габични инфекции.

Исто така, компонентите присутни во листовите на маслинката го зајакнуваат имунитетот, имаат антивирусно, антипаразитарно, антибактериско и антигабично дејство. Овие листови придонесуваат за регулирање на крвниот притисок, стабилизирање на нивото на шеќер и холестерол.

Чајот од лист од маслинка се препорачува и како превентивна мерка против споменатите болести. Вкусот на овој чај е благ, со само суптилна горчина.

Неодамнешните истражувања потврдија дека чајот од маслинки содржи повеќе антиоксиданси дури и од зелениот чај, што го прави еден од најздравите чаеви во светот.