Под притисок на САД,Британците одбиле да и го вратат златото на Венецуела вредно 1,2 милијарди долари

119

 Во Централната банка во Велика Британи се наоѓаат венецуелските резерви на злато во вредност од осум милијарди долари. Оваа земја побарала да и се врати дел во вредност од 1,2 милијарди долар, но Велика Британија одбила да го стори тоа, пренесува Анадолија.

Под притисок на САД , Централната банка на Велика Британија одби да и го испорача златото на Венецуела во вредност од 1,2 милијарди долари кое и припаѓа на таа земја објави Бломберг.

Се наведува дека во Централната банка во Велика Британи се наоѓаат венецуелските резерви на злато во вредност од осум милијарди долари. Оваа земја побарала да и се врати дел во вредност од 1,2 милијарди долари, но Велика Британија но одбила да го стори тоа, пренесува Анадолија.
Американските медиуми наведуваат дека Велика Британија одбила да и го испорача златото на Венецуела под притисок на американскиот преседател Доналд Трамп, главниот државен секретар Мајк Помпео и советникот на американскиот претседател за национална безбедност Болтон.
Венецуела оваа борба ја води неколку месеци, а претседателот на Централната банка на Венецуела, со цел да постигне договор за трансфер на златото, но неговите напори останале безуспешни.

Претседателот на Националниот парламент на Венецуела Јуан Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател на земјата им се обрати на припадниците на оружените сили на Венецуела и им рече: “Кога нема да ги добиете вашите плати, ќе видиме колку сте верни на вашиот грабнувач (Мадуро).

Протести во Венецуела

Министерот за надворешни работи на Велика Британије Јеремс Хунт, по состанокот со американските претставници порача дека е јасно оти Мадуро не елегитимен лидер на Венецуела, односно дека Јуан Гуаидо е вистинскиот човек кој ќе ја однесе напред земјата.
Протестите во Венецуела почнаа на 10 јануара на денот кога претседателот на Венецуела Николас Мадуро положи свечена зклетва и го почна вториот мандат за шеф на државата.

Опозицијата во Венецуела не ја признава власта на претседателот Мадуро, а челникот на опозицијата и парламентот на таа земја Јуан Гуаидо се прогласи за привремен претседател.
Мадуро тврди дека станува збор за обид за државен удар поддржан од САД, кои отворено застанаа на страната на опозицијата и Гуаидо.

Со помош на САД, опозицијата на Венецуела во преземањето на власта е поддржана од Бразил, Аргентина, Канада, Чиле, Колумбија, Костарика, Еквадор, Гватемала, Панама и Парагвај. Од друга стране, Турска, Иран, Боливија, Мексико и уште неколку други земји и понатаму го признаваат легитимитето и ја подржуваат власта на Мадуро.