Под лупа на Антикорупциска над 40 нововработени, еден министер под истрага

233

Од комисијата, вчера објавија дека досега се отворени 42 нови предмети за сомневање за непотизам. Меѓу нив и блиски на поранешни функционери, сите под сомневање за постоење судир на интереси во случаи кога биле вработувани нивни роднини. На листата е сопругата на поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, вработена во АЕК, таткото и сестрата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев. Потоа, за братучедите и вујкото на пратеникот Антонијо Милошоски. На листата се најдоа и ќерките на поранешната претседателка на Уставниот суд Елена Гошева, ќерката на судијата Реџепагиќ, како и роднини на членовите на Судски совет, советници во кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов.


Роднини на актуелни и поранешни државни функционери, министри, пратеници, градоначалници, амбасадори, директори на јавни институции, на државни фирми и агенции, како и судии и членови на судски совет, генерални секретари и советници, се на листата на Антикорупциската комисија. Освен оние за кои јавноста е веќе запозната, Комисијата како нови ги спомна двете сестри на министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу – Ајсел Фазлиу, која работи во МВР – и Ведра Фазлиу која работи во Владата. Тука е и внукот на министерот Фазлиу, Абдул Кадел, кој е унапреден во директор за безбедност на железничкиот систем. И внукот на пратеничката Фросина Ременски, Зоран Ременски се вработил во ЕЛЕМ. Пратеничката на СДСМ, Тања Ковачева е под сомнение дека влијаела да се вработат нејзиниот сопруг, сестра и зет од сестра.

Од комисијата, вчера објавија дека досега се отворени 42 нови предмети за сомневање за непотизам. Меѓу нив и блиски на поранешни функционери, сите под сомневање за постоење судир на интереси во случаи кога биле вработувани нивни роднини. На листата е Кристина Божиновска, сопруга на поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски вработена во АЕК, Љубе Јанушев, татко на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на ЈСП, Игор Јанушев, како и за неговата сестра Верица Јанушева вработена во МВР. Потоа, за братучедите и вујкото на пратеникот Антонијо Милошоски. На листата се најдоа и ќерките на поранешната претседателка на Уставниот суд Елена Гошева, ќерката на судијата Реџепагиќ, како и роднини на членовите на Судски совет, советници во кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов.

-Мислам дека од истражувањата кои ќе произлезат од веќе започнатите и од овие предмети, ќе видиме по каква постапка за вработување се сите вработени. Дали имало обезбедено фер конкуренција, какви критериуми имало употребено…, рече Билјана Ивановска, претседател на ДКСК.

Комисијата одлучи да се прибават документи за утврдување или отфрлување на наводите во пријавите доставени од приватни лица за злоупотреба на дискрециските овластувања на јавен функционер при спроведување на оглас за вработување во една од клиниките од Клиничкиот центар во Скопје, евентуалната злоупотреба од актуелен министер за вработување на негови блиски во гимназија во внатрешоста, како и евентуалниот судир на интереси за давање надлежност на лице во Собранието по престанок на неговата функција.
Баџанакот на Талат Џафери, Нури Бајрами, соопшти дека нема да работи на случајот поврзан со неговата внука, случајот ќе го преземе претседателката на Антикорупциска.

-Во овој случај, бидејќи е во прашање етика и морал, така треба да се постапи. Тоа веќе комисијата го знае, јавноста го знае и за тоа ќе се постапи согласно законот, изјави Бајрами. И Нури Бајрами посочи дека секако ќе биде изземен при одлучувањето дали постои судир на интереси при вработувањето на неговата внука во МЕПСО.

Членот на ДКСК Софка Петровска Дојчиновска истакна дека вработувањето е најболна точка во државата и имињата што се конектираат со претходната и сегашната власт покажуваат дека е синдром од порано.

-Јасно е дека ни една власт не е имуна. Ние треба да заклучиме зошто се генерира ваква можност и каде се корените за условно кажано злоупотреба на власта. И должиме на јавноста да ги лоцираме причините и да инсистираме на нивно отстранување, рече таа. Нејзиниот колега Владимир Георгиев побара Комисијата да изготви став како во иднина да се спречи ваквата пракса, а претседателката на ДКСК Билјана Ивановска посочи дека ќе утврдат во каква постапка биле вработувани блиските на функционерите и дали се исполнети критериумите.

Претседателката на ДКСК посочи дека првите резултати од работата на Комисијата треба да се очекуваат откако ќе стигнат одговорите на барањата што ги испратиле до институциите.

-Од претходните случаи се уште не сме добиле документи. Штом ќе ги добиеме и ние сакаме час поскоро да ги објавиме резултатите, рече Ивановска.

Прекршочна против Положани кој не пријавил имотна состојба

Антикорупциската комисијата одлучи да се покрене прекршочна постапка против Азис Положани, ректор на Државниот универзитет „Мајка Тереза” во Скопје поради недоставување анкетен лист за имотната состојба. Положани на функцијата е избран во април минатата година, а се уште нема доставено анкетен лист за неговиот и за имотот на членовите на неговото семејство. Законот вели дека бил должен тоа да го направи во рок од 30 дена по стапувањето на функцијата.