Под влијание на воени компјутерски игри: Младич во Турција упаднал во чајџилница и со нож и секира нападнал луѓе

231

Осумнаесетгодишне напаѓач, со шлем на главата, маска на лицето и напаѓачки елек, секира околу половината и нож во рацете, влегол во чајџилница во турскиот град Ескишехир во областа Тепебаши и повреди пет лица.

Напаѓачот бил фатен и приведен дури по потера од локалниот полицаец кој го видел инцидентот, пишува турскиот весник Хаберлер.

Еден 18-годишен млад човек наводно го извршил нападот под влијание на компјутерски воени игри што ги играл во играчниците во Ескишехир.

Осомничениот е приведен, а пет повредени жртви од неговиот напад се префрлени во локалните градски болници, меѓу кои и две лица опасни по живот со тешки повреди.