Најпопуларниот УФЦ борец, Ирецот Конор Мекгрегор, изминатиов период трпи остри критики за неговата блискост со боксерката Ебани Бриџис. Во неколку наврати нивните заеднички појави привлекоа големо внимание, а многумина сметаат дека тое е неправда кон вереницата на Мекгрегор, Ди Девлин.

Овој пат се јави и згодната Бриџис, која верува дека не гледа ништо лошо во сето тоа. Боксерката, која е позната по своите атрактивни фотографии беше дел од тимот на Конор во средината на август во Лондон на боксерскиот меч меѓу Ентони Џошуа и Роберт Хелениус. Рацете на ирската УФЦ ѕвезда постојано беа на 36-годишнната Ебани.

  • Сето тоа е промоција. Тој е паметен човек и бизнисмен и работи навистина одлична работа. Тој ме контактираше и ме праша дали сакам да бидам дел од тимот за промоција. Подобра од мене нема, дефинитивно, истакна бујната Бриџис и додаде:
  • Профункционира, нели? Го запаливме интернетот и сите зборуваа за тоа. Сето тоа е дел од работата, гласеше пораката на боксерката.

Таа и Конор немаат што да кријат. Истакнува дека сигурно не би биле заедно во јавноста.

  • Дали навистина мислите дека тој би бил во јавност со мене правејќи се што правиме. Луѓето седат дома, немаат поим за бизнис, немаат поим како е да се биде познат и коментираат. Мора да имаш тврда кожа за да поминеш низ тоа. Неговата свршеница го знае сето тоа добро, посочува Ебани Бриџис.

Во последните месеци, Ебани Бриџис посвети многу повеќе внимание на снимањето на атрактивни видеа што ги продава, отколку на својата боксерска кариера, во која ја носи титулата светски шампион на ИБФ во бантам категорија.