Поранешниот тренер на неколку средношколски екипи во американскиот фудбал (рагби), Дејв Добенмајер, поднесе тужба до судот во Охајо против НФЛ лигата, Пепси, ТВ Фокс и уште неколку компаниии поради Суперболот.
Оваа тужба е поднесена поради тоа што „на полувремето во Мајами е видена непримерна содржина во изведба на Шакира и Џенифер Лопез“, а на име одштета се бара 867 милијарди долари.
Јас сакав да гледам фудбал, а не порно-филм. Тие донесоа грев во мојот дом. „Суперболот“ е манифестација која ја гледа и младата популација, изјави Добермајер, а пренесуваат американските медиуми.
Популарните пејачки имаа петнаесетминутен перформанс со кои ги воодушевија сите присутни на големиот настан, но ете, има и такви на кои тоа не им се допадна.
Инаку, титулата во ова натпреварување ја освои екипата на Канзас Сити, која во финалето славеше над Сан Франциско со 31:20.