epaselect epa11554630 Former heavyweight boxing champion Mike Tyson gestures towards YouTuber and professional boxer Jake Paul during a pre-fight press conference at the Javits Center in New York, New York, USA, 18 August 2024. The Tyson Paul heavyweight bout will be held at the AT&T Stadium in Arlington, Texas on 15 November 2024. EPA-EFE/Peter Foley

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Американецот Мајк Тајсон, доби тужба од маркетинг-агенција, која бара 1,5 милиони долари од него.

Кипарската маркетинг-агенција „Медиер“ го тужеше поранешниот боксер Мајк Тајсон (58) за прекршување на договорот со неа, со учеството на мечот против јутјуберот Џејк Пол. Агенцијата бара отштета од 1,5 милиони долари, а тужбата стигна и до Вишиот суд во Лондон.

Договорот беше потпишан во јануари, а беше раскинат во март. Поради ова, агенцијата од Кипар решила да си ги бара долговите, па сега бара од Тајсон да ѝ врати 800.000 долари за неисполнетите услуги и уште 729.000 за промотивните трошоци.

– Вистинската причина за тоа зошто Тајсон и неговата компанија „Tyranny“ набрзина и незаконски го раскинаа договорот е тоа што тој прифати договор и спонзорство од „Нетфликс“ за да се бори против инфлуенерот и јутјубер Џејк Пол – се вели во тужбата.