Во Камерната сала на македонската Филхармонија, на 24 октомври со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи концерт во рамките на циклусот „Подиум на млади“, на кој како солисти ќе настапат Џеврие Туле на пијано и Симеон Гошев на виолина, во пијано придружба на Весна Ангелова-Христов. На програмата се дела од Бетовен, Лист, Паганини и од Зографски.

Џеврие Туле (2006, Струга) учествувала на голем број семинари и мастер курсеви кај еминентни педагози по пијано, а во 2002 г., на мастер курс на селектирани студенти во класата на проф. Хериберт Кох во Дурен, Германија, каде што била на завршните концерти во Дурен, Келн и во Ахен. Во 2024 г., Туле беше избрана да настапи со Македонската филхармонија за изведба на Концертот бр. 2 од Д. Шостакович.

Симеон Гошев (2003) има освоено награди на многу меѓународни и државни натпревари, има посетено семинари, има земено мастер часови кај реномирани професори и има одржано бројни рецитали. Во претстојната сезона, ќе настапи заедно со Камерниот оркестар на Словенечката филхармонија. Има настапувано како солист со оркестарот на Македонската филхармонија, Камерниот оркестар „Саша Николовски-Ѓумар“ и со оркестарот на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Член е на квартетот „Лаит“, каде што свири прва виолина.